недела, 28. мај 2023. Вести денес: 64
home Вести

Заев ќе ѝ го одземе министерскиот ресор на НДП?

Заев ќе ѝ го одземе министерскиот ресор на НДП?

СДСМ ја разгледува можноста за да му го одземе Министерството за Локална Самоуправа на НДП на Весел Мемеди и истото да го понуди во пакет на коалициските партнери кои се очекува да бидат Движењето Беса предводена од Африм Гаши и ДПА, кои може да формраат пратеничка група од 5 пратеници.

Извори од владата за ИНА велат дека Заев веќе го има ставено на листата за промени овој министеррски ресор, кој ќе го искористи за пазарење со новите планирани коалициски партнери, но како што се дознава, последниот збор ќе го каже ДУИ, Али Ахмети, кој ќе одлучи за тоа дали ќе биде потребно овој ресор да му се одземе на Мемеди или ќе му биде заменето со некоја друга функција.

Весел Мемеди во неговите последни изјави ја исклучи можноста за промена на неговите позиции во владата, бидејќи според него тие се изградени врз база на политичка конзистентност, а не брзи авантури како што беше случај со некои политички партии.

Како и да е во наредниот месец ќе се знае што ќе се случи со Владата и кои министри ќе си заминат, за да бидат заменети со нови.