вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 26
home Вести

Заев како во Северна Кореја ќе укинува телеграм, јавна соба изговор за нова цензура

Заев како во Северна Кореја ќе укинува телеграм, јавна соба изговор за нова цензура

По една година, повторно се појави скандлот со “Јавна соба” на Телеграм апликацијата. Тоа само го потврди фактот дека МВР и Јавното обвинителство не си ја завршиле работата како што треба. Тогаш беа најавени кривични пријави, апсења, но ништо од тоа. “Јавна соба” си продолжи да функционира на Телеграм, а власта немоќна да ги пронајде виновниците и креаторите се закани дека ќе ја укине апликацијата Телеграм за сите граѓани во земјата.

-Доколку апликацијата „Телеграм“ не го затвори каналот „Јавна соба“ каде се споделува приватна содржина од граѓани, ќе се разгледа и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во земјава, рече Заев.

По оваа изјава граѓаните се извадија од памет, како е можно еден премиер на држава да цензурира комуникација. Како да не станува збор за држава со европска перспектива, туку за Северна Кореја. Но, ова не прв пат власта да врши цензура.

За потсетување, власта вршеше цензура и на медиумите, односно само пред неколку месеци јавноста беше сведок на бројни кривични обвиненија кон новинари Љупчо Златев од Лидер, Алрксандар Митовски од Инфомакс, кои во интерес на јавноста известуваат за криминалното дејствување на власта и нејзини високи функционери, но и затворски пресуди на новинари поради објавување на вести со доказни содржини.

Тогаш СДСМ и Заев велеа дека наводно се борат против лажните вести и вршеа цензура на медиумите. Најновиот проект за цензура, на власта сега е “Јавна соба” – како изговор да се угаси апликацијата Телеграм преку која илјадници Македонци дено-ноќно комуницираат.

ЕУРО 2020

Македонија