среда, 18. септември 2019. Вести денес: 1
home Вести

Заев: Јас сум против предвремени избори

Заев: Јас сум против предвремени избори

Останувам на ставот за одржување на редовни избори. Најрано што би прифатил изборно соочување е октомври 2020-та. Секој датум претходно ќе значи губење на време за напредок во економијата, вели премиерот Заев на денешната прес конференција на која ги покани политичките лидери на лидерска средба во петок.

Премиерот предложи 3 теми на разговор и тоа за изборниот законик, пописот и законот за јавното обвинителство.

Заев рече дека е отворен и за нови теми и дека секој од лидерите ќе може да предложи тема.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе излегоа со став, дека со Заев би седнале на лидерска средба само за да разговараат за предвремени избори.

Најнови вести