петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 45
home Вести

Заев ја уништува Македонија: Никогаш помалку бебиња

Заев ја уништува Македонија: Никогаш помалку бебиња

Погубните политики на владата на Зоран Заев почнаа да се одразуваат на наталитетот, како една од најважните статистики во државата.

Откако наталитетот и бројот на родени беше во благ пораст во периодот од 2006 до 2016 година, со доаѓањето на власт на Зоран Заев, наталитетот е во слободен пад.

Значи, минатата 2017-та година беше најлошата година за македонскиот наталитет, а оваа 2018-та година во првиот квартал, односно во месеците, јануари, февруари и март е веќе полоша.

Првиот квартал оваа година бележи најмал број на родени во првите квартали откако има статистика во Македонија, односно ова се најлошите први 3 месеци со најмал број на родени во последниве 70 години.

 

Поразителни податоци: Намален природниот прираст, 177 умрени повеќе од родени

Бројот на живородените деца во првото тримесечје од годинава споредено со истиот период лани е намален за 1.6 отсто и изнесува 5.255 живородени деца, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2018 година бележи намалување од 11.4 отсто во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 5.432 лицa, а од нив 22 се умрени доенчиња.

Податоците на ДСЗ покажуваат дека природниот прираст изнесува -177, што значи за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучени бракови во ова тримесечје од годината е намален за 1.3 отсто во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 2.532 бракови. Во ова тримесечје се добиени 520 извештаи за разведени бракови.

Коронавирус