понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 94
home Вести

Заев ја турка државата во криза, a се нуди себеси за лажен спасител

Заев ја турка државата во криза, a се нуди себеси за лажен спасител

Околу четири години трае кризата која ја започна Зоран Заев и која резултираше со негово устоличување како премиер на државата. Заев стана премиер, но кризата на престана, напротив таа се продлабочи.

Нема ништо од ветувањата за просечна плата од 500 евра, бесплатно болничко лекување, просечна плата на докторите од 1500 евра, поврат на ДДВ, поголеми плати и пензии, но Заев засилено го турка ветувањето дека ќе го промени името преку договорот кој го постигна со Грција, кое државава ја носи кон каменест ѕид во кој може да се судри целото општество.

И додека на голема врата Заев оди со реторика и ветување дека ќе ја внесе државата во НАТО и Европската унија, државата тоне по сите параметри, и влегува во уште подлабока криза.

Статистичките податоци говорат дека капиталните инвестиции за половина години се како никогаш порано ниски, на 17 осто, што значи дека економијата не само што хибернира, туку е влезена во назаден процес. Нема раст на вработеноста, градежништвото урива негативни рекорди, народот не живее подобро.

Едноставно Зоран Заев покажува дека нема капацитет да исполни ништо од своите ветувања ниту во реалниот живот, ниту во неговото обврзување дадено кон надворешните фактори дека ќе постигне договор за промена на името кој би поминал кај јавноста и би стапил во сила.

И кога Заев се наоѓа пред самиот амбис, тој државата ја турка во уште поголема криза, а притоа се нуди себеси за лажен спасител за да ја избави од калта во која ја втурна.

Затоа Зоран Заев презеде радикален речник и говор на омраза преку кој почна да прогласува предавници и патриоти.

Аналитичарот Сотир Костов вели дека говорот на омраза продуциран од премиерот ќе се врати како бумеранг, и оти тој говор на омраза започна од собраниската говорница кога брутално го нападна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски.

– Премиер, лихвар со говор на омраза пар екселанс. Тоа ти е Зоран Заев. Тој со говор на омраза, а сите молчат. Бебе од 14 месеци е претепано и се бори за живот во болница. Сторителот или сторителите на нехуманото кривично дело сé уште непознати за полицијата и пошироката јавност. 27 годишен комита, Никола Саздовски – Саздо, најпрвин крвнички, ѕверски и на подмолен начин претепан од тројца сторители – aлбанци, потоа хоспитализиран и на крајот подлегнува на нанесените тешки телесни повреди. За сите три случаи молк, безмалку никој не реагира, никој не предупредува дека Премиер спроведува говор на омраза во Собранието, никој не алармира за ѕверски претепано 14 месечно дете, а убиството на младиот комита се третира како насилничко однесување, а не лишување на живот на свиреп или подмолен начин, вели Костов, додавајќи дека промената на името и идентитетот е вистинското предавство на вековните национални идеали.

Заев преземената обврска дека ќе ја спроведе промената на името не може да ја реализира затоа што наидува на цврст отпор кај народот.

Па така, вчера најави дека референдумот доколку биде неуспешен сепак уставните измени ќе ги изгаласаат неговите пратеници притоа заборавајќи дека претходно јавно се обврза оти доколку референдумот не успее, тој ќе си поднесе оставка.

Заев е свесен дека нема резултати, и единствениот спас е криза од која може да извлече некаква лична бенефит, но без бенефит за граѓаните.

Тој е свесен дека без разлика дали е задолжителен или советодавен условите за да биде успешен референдумот се исти.

Тоа го потврдува професорот од правниот факултет Сашо Климовски кој појаснува дека во таа смисла бројките би се движеле – 50 проценти плус 1 од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

-Тоа во превод би значело дека ако се земат бројките од последните локални избори, некаде околу 910 – 920 илјади граѓани кои треба да излезат и да гласаат на референдум, дали ќе биде „За“ или „Против“ не е важно. Но, ако се исполни тој услов, вториот услов е да гласаат мнозинството од толкавиот број излезени граѓани. Значи, треба да излезат 920.000, од кои „За“ треба да гласаат половина плус 1 од тој број, односно околу 460.000 граѓани, појаснува Климовски.

Посочува дека прашањето мора да биде еднозначно и да се однесува само на една тема, а тоа во овој случај треба да се однесува на темата за Договорот со Грција.

-Поврзувањето на прашањето во врска со членство во одредени организации како што е НАТО и Европска унија не доаѓа предвид преку прифаќањето или спротивставувањето на Договорот со Грција. Така што, прашањето мора да биде поврзано со тоа дали сте за или сте против прифаќање на Договорот со Грција, вели Климовски

Во овој хаос продуциран од власта не се изема чуството дека СДСМ и Заев за целиот неуспех вината ја префрлаат на сите други, освен на себе.

Коронавирус