вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Заев ја обвинува опозицијата за притисок, а механизмите се во негови раце: Алиби за пораз или префрлување на топката?

Заев ја обвинува опозицијата за притисок, а механизмите се во негови раце: Алиби за пораз или префрлување на топката?

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вели дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници од оваа партија вршат притисок врз колеги да не гласаат за Законот за јавно обвинителство. Кога Владата, нагласи тој, го пратила предложениот текст во собраниска процедура, имал збор за поддршка од 80 пратеници, но оттогаш, според него, се случуваат притисоци и закани кон пратениците.

-Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, дел од нив и поранешни пратеници, вршат притисок врз пратениците. Имав збор од 80 пратеници дека ќе го поддржат и затоа законот беше пуштен. Имав збор, но тоа што се случува е вистинска драма, вели Заев.

Овој политичар на македонската политичка сцена стана симбол за вршење на притисоци. На јавноста многу добро и се познати неговите начини на функционирање и дејствување, па ова што вчера го изјави е, во најмала рака, иронично.

СДСМ, на чие чело е екс-премиерот Заев, се на власт во Македонија веќе четврта година и во свои раце ги имаат сите механизми за управување, а на тој начин често ги употребуваат за вршење на притисок.

Заев многу добро знае дека тоа што го зборува “не држи вода“ и прави класичен обид за префрлување на топката во миг кога знае дека кај јавноста секојдневно ја губи поддршката.

Изборите се пред нас, а поранешниот премиер ги гледа анкетите кои покажуваат во кого народот има доверба, а тоа е нешто кое Заев не е моќен да го промени.

Колку што е СДСМ на власт, толку време ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција во Македонија. Но, потребата на власта за сите свои неуспеси да обвинува некој друг, излегува на виделина во секој миг.

Николоски: Механизми за притисоци единствено користи Зоран Заев

Во емисија на ТВ Алфа синоќа гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што посочи дека СДСМ знаејќи дека ќе изгуби на избори дека граѓаните ќе го казнат на 12-ти април, сега користи секакви маневри дури и клевети како ВМРО-ДПМНЕ вршело притисоци.

-ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и не располага со механизми за вршење на притисоци, време е СДСМ да престане да шири лаги бидејќи веќе не поминуваат кај македонската јавност. Зоран Заев не само што ќе одговара за криминалот кој што го сторил, туку ќе одговара и заради притисоците кои што ги прави врз пратениците. И секогаш крадецот вели  „Држете го крадецот“, така и Зоран Заев малку фројдовски знаејќи дека тој ги прави притисоците излегува и во јавноста вели дека ВМРО-ДПМНЕ правело притисоци, истакна Николоски.

Николоски запраша како е можно ВМРО-ДПМНЕ да прави притисоци кога е опозиција?

-Кои механизми една опозиција може да располага за да може на било кого да прави притисок. Ќе му ветиме на некого вработување, ќе му ветиме на некого тендер? Ќе му се заканиме дека полиција ќе му отиде во 3 часот наутро? Ќе му се заканиме дека нешто ќе му се случи во суд или во обвинителство? Такви механизми има Заев, немаме ние, нагласи Николоски.

Николоски заклучи дека е смешно СДСМ да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека врши било какви притисоци.

Коронавирус