вторник, 3. август 2021. Вести денес: 7
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Вести

Заев изрази поддршка за фудбалерите, но името Македонија ниту еднаш не го спомна

Заев изрази поддршка за фудбалерите, но името Македонија ниту еднаш не го спомна

Македонскиот премиер Зоран Заев им изрази поддршка на фудбалските репрезентативци кои попладнево ќе дебитираат на Европското првенство. Но премиерот ниту еднаш не го спомнува името на нашата држава. Македонија изгледа не смее да изговори.

-Почитувани македонски репрезентативци и членови на стручниот штаб, во пресрет на вашиот прв настап на Европското првенство во фудбал, сакам со вас да ја споделам мојата целосна и безрезервна поддршка.

Со пласманот на #ЕУРО2020 вие веќе ја испишавте најсветлата страница од историјата на македонскиот фудбал, но јас сум убеден дека деновиве ќе испишете и нови успеси. Навиваме за голови, за победа, но пред сѐ навиваме и за овој досегашен македонски успех. Навиваме за ова ваше и наше време!

Велат дека фудбалот е најважната споредна работа на светот, но вие во нашите очи во моментов сте главната работа на светот, најважната македонска иницијатива.

На фудбалските терени покажете и докажете дека една мултиетничка репрезентација, од мултиетничката Северна Македонија, со право е рамноправен дел од мултиетничка Европа.

Покажете повторно дека и најмалите можат да бидат многу големи, кога веруваат во себе и во заедничкиот успех и кога гордо го носат националниот дрес.

Бидете еден за сите, сите за еден и обојте ја Европа во црвено-жолто. Моето срце и срцата на сите македонски граѓани ќе ни бијат во ритамот на вашата игра. Нека е со среќа! – напиша премиерот Заев на Фејсбук.

Македонската фудбалска репрезентација од 18 часот на „Национална арена Букурешт“ се среќава Австрија.

Коронавирус