четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 135
home Вести

Заев излажа: Ветуваше дека ниту еден министер нема да потроши повеќе од 500 евра

Заев излажа: Ветуваше дека ниту еден министер нема да потроши повеќе од 500 евра

Новите министри ќе имаат право на репрезентација од по 500 евра месечно. Членовите на претходната влада, премиерот, заменик-претседателите на владата, министрите без ресор, генералниот секретар, другите именувани функционери, како и членовите на обезбедувањето во владата, немале никакви ограничувања за користење пари за угостителски услуги и други трошоци. Сегашната влада воведе сериозни ограничувања и удвоени мерки за контрола и одобрување на овие трошоци, вака гласеше соопштението на Владата доставено до медимите.

На таа владина седница која се одржала на 7-ми јули 2017-та година, биле прифатени и толку зборуваните непродуктивни трошоци наменети во Буџетот. Исто така била донесена и одлука за измени и дополнувања на Правилникот и угостителски услуги на товар на средствата од буџетот наменети за овие услуги.

Според тогашното објаснување ова би значело дека претседателот на Владата, шефот на канцеларијата на премиерот, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, министрите за ресор во Владата, генералниот секретар и заменик генералниот секретар и други именувани лица опфатени со овој правилник, имаат право на надомест во висина од 30.000 денари месечно за угостителски услуги во угостителските објекти во надлежност на Службата на општи и заеднички работи на Владата. За службени патувања во странство тој надомест е најмногу 500 евра месечно.

Алатката со која се гледаат трошоците на министрите го кажува сосема спротивното. Како и многу други работи така и оваа Владата не си стои на тоа што им го ветуваше на граѓаните. Јавноста беше буквално фрапирана од “трошачките“ навики на дел од министрите.

Така на пример министерот за економија Крешник Бектеши шест месеци секој ден, со се саботи и недели трошел по речиси 5000 денари за кафеански услуги. Вкупната сума која ја потрошил изнесува 14 илјади евра или тоа значи дека министерот се гоштевал за вкупно 3,5 годишни плати.

Втор на листата на трошаџии во кафана е вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи со 13 илјади евра, на трето место е министерот за правда во оставка Билен Саљији кој за храна и пиење потрошил 12000 евра државни пари за 6 месеци.

Зад нив се министерот за култура Роберт Алаѓозоски со 9000 евра и министерот за земјоделие Љупчо Николовски со 7000 евра или по околу 2500 денари секој ден.

Така се поставува прашањето ако се ограничени министрите по 500 евра месечно за трошење на репрезентации како е можно тогаш овие министри да трошат волкави суми на пари ? И дали некој поради ваквото неодговорно однесување ќе понесе одговорност или било каква санкција.

Најнови вести

Коронавирус