петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 5
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Заев излажа и за неплаќањето кредитни рати: Ангеловска го правда, а експертите против пресметување камата

Заев излажа, како по навика, знаејќи дека Владата не може да решава за такво нешто или сепак, знаеше и навлезе во нешто за кое решаваат банките, давајќи си преголемо значење на себеси. Експертите се децидно против пресметување камата. Во меѓувреме министерката за финансии Нина Групер Ангеловска ги правда банките и наспроти очекувањата на граѓаните и нивните интереси за кои како прв човек на финансии во државата треба да се залага,  убедува дека никаде банките не давале целосен грејс период, туку дека секаде пресметувале камата, штитејќи ги со тоа интересите на банките, а не на граѓаните.. 
Заев излажа и за неплаќањето кредитни рати: Ангеловска го правда, а експертите против пресметување камата

Заев најави, но испадна дека само пуштал пробен балон полн со популизам. На страна и лагата. Ова е заклучокот кој се наметнува по помпезната најавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој пред две недели најави дека нема да се плаќаат кредитите во банките, односно граѓаните неколку месеци ќе бидат ослободени од ратите. Така барем требаше да биде додека не мине кризата.

Заев излажа, како по навика, знаејќи дека Владата не може да решава за такво нешто или сепак, знаеше и навлезе во нешто за кое решаваат банките, давајќи си преголемо значење на себеси. Најочебијно беше тоа што лидер на партија, а не премиер соопштува вакви мерки, кои, како и намалените плати за администрацијата, останаа само лага (платите барем засега).

Проблемот е што т.н. одложување на плаќањето на кредитите на шест месеци за граѓаните нема да биде бесплатно, туку ќе ги чини пари. Многу пари од камата. Доколку граѓаните решат така и донесат одлука да ја искористат можноста која им ја нудат банките поради новонастанатата ситуација со коронавирусот. Финансискиот товар иако привремено ќе им се олесни на граѓаните, потоа ќе се зголеми, бидејќи банките за време на грејс периодот нема да ја отпишуваат каматата на кредитите туку ќе им ја наплатат откако тие ќе започнат со редовно подмирување на нивните долгови.

„Мислам дека ова не е добро решение затоа што ќе ги оптовари граѓаните со камата. Подобро би било и во тој грејс период да не се пресметува камата, односно решението да биде да има целосно запирање на кредитиниот процес на одредено време, односно граѓаните да не ги враќаат кредитите во тој период, но во тој период да не се пресметуваат и каматите“, вели економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ за РСЕ.

Во меѓувреме министерката за финансии Нина Групер Ангеловска ги правда банките и наспроти очекувањата на граѓаните и нивните интереси за кои како прв човек на финансии во државата треба да се залага, убедува дека никаде банките не давале целосен грејс период, туку дека секаде пресметувале камата, штитејќи ги со тоа интересите на банките, а не на граѓаните.

Во склоп на познатиот манир на евтин популизам на оваа Влада, Ангеловска дури не’ убедува дека ова било успех.

„Веќе гледаме дека тоа се случува и не само за три месеци, туку се случува и за шест месеци, што е резултат на тоа дека соодветно решение со процена на ризиците и со конструктивен предлог довело дури да се изнајдат и подобри решенија за одлагањето кај поголемиот дел од банките“, се пофали министерката Нина Групер Ангеловска.

Верувале или не, со класичен спин, Ангеловска убедува дека ова со 6 наместо 3 месеци одложување бил успех на владата и граѓаните, заборавајќи дека пресметката на камата ќе стане неверојатен финансиски товар за македонските семејства по кризата, не спомнувајќи дека ова реално ќе претставува екстра профит за банките и дополнителна загуба за семејниот буџет на граѓаните.

Коронавирус