среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 33
home Вести

Заев продолжува со калкулантските игри- прифати шпицен мандатар, но после поразот не сака да се откаже од имунитетот

Заев продолжува со калкулантските игри- прифати шпицен мандатар, но после поразот не сака да се откаже од имунитетот

На прашање од пратеникот од опозицијата Владимир Ѓорчев, дали премиерот Заев ќе го прифати предизвикот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за воспоставување на како што го велат во Европа „шпицен кандидат“, односно кандидат за мандатар за состав на следната влада по изборите на 12 април следната година, премиерот Заев пропушти да одговори дали ќе си даде оставка и ќе си замине од политиката.

-Дали вие како лидер на СДСМ, како претседател на владата сте подготвени пред граѓаните на Македонија да излезете со јасна понуда и да се каже кој е кандидатот за премиер и доколку победи тој ќе ја води владата, дали вие господине Заев макар и да имате еден глас помалку од ВМРО-ДПМНЕ сте подготвени да ја напуштите политиката и да поднесете оставка од претседателското место во СДСМ, затоа пто граѓаните се тие коишто го имаат последниот збор ?-праша пратеникот Ѓорчев.

Премиерот Заев од собраниската говорница одговори дека тој ќе биде кандидатот за премиер и ќе „играл“ како што вели на сите позиции,тој вели дека очекува победа на СДСМ со убава разлика за да добијат еден цел мандат од четири години и да се посветат на внатрешните трансформативни процеси.

-Јас се согласувам да имаме кампања каде што двата премиерски кандидати ќе бидат истакнати, ќе бидат видливи, ќе бидат отворени, ќе бидат транспарентни, дуел ќе прифатам во било кое време на секој медиум, на секоја можност, се надевам вашиот лидер тоа ќе го прифати затоа што тоа е дел од обврската наша како кандидати – вели Заев, но пропушти да одговори дали доколку при неуспех на престојните избори ќе се повлече од политиката и од претседателското место во СДСМ.

Коронавирус