сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 46
home Вести

Заев инсистирал да се озакони рекетот: Помошниците на Јанева, според закон, треба да се вратат каде што биле, премиерот ги сака во новиот тим

Заев инсистирал да се озакони рекетот: Помошниците на Јанева, според закон, треба да се вратат каде што биле, премиерот ги сака во новиот тим

Актуелниот закон наложува помошниците на Катица Јанева да си се вратат во матичните обвинителства, онаму каде работеле пред формирање на СЈО.

Исто така, законот овозможува Јовески, доколку цени дека никој друг нема капацитет, ним да им ги делегира истите предмети, бидејки за ЈО не важи месната надлежност.

Сепак, Заев инсистирал сите полномошници на Катица Јанева, која е третоосомничена за „Рекет“, да влезат во новото ЈО по автоматизам.

Како што дознаваме, премиерот на синоќешната средба барал да се игнорира постоечкиот закон во овие делови.

Следејќи го ваквото однесување на премиерпт, се отвора основан сомнеж и се поставуваат прашањата:

„Дали со тоа Заев сака да го озакони рекетот и криминогеното однесување“?

„Дали тој сака да внесе расипан материјал во новото здраво ткиво на новата институција“?

Тоа што е познато е дека премиерот побарал и апсурдна заштитна клаузула која би овозможила Советот на обвинители да избере прв човек на новото ЈО, доколку Заев и другите вклучени во октоподот не се согласат со предлогот на опозицијата.

Со тоа, станува јасно, сакал на мала врата да си обезбеди ново СЈО и нова алатка за рекет и политички притисоци.

Синоќешниот состанок се одвивал во три дела. На самиот почеток, учесниците имале брифинг за досегашниот тек на преговорите и постигнатата согласност на 30-ти септември опозицијата да предложи прв човек на новото ЈО.

Понатаму, во вториот дел се истакнуваат од страна на премиерот неговите апсурдни предлог варијанти за превземање на тимот на Катица Јанева по автоматизам во новото ЈО.

На крајот, следува одбивање на Заев случајот „Рекет“ да биде воден во новото ЈО.