вторник, 3. август 2021. Вести денес: 7
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Вести

Заев: Имам чувство дека на 22-ри јуни НЕМА да се реши проблемот со Бугарија

Заев: Имам чувство дека на 22-ри јуни НЕМА да се реши проблемот со Бугарија

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција изјави дека има чувство дека до 22 јуни проблемот со Бугарија нема да биде решен.

Тој рече дека го кажува ова за да не ги крене очекувањата кај нашите граѓани, затоа што Бугарија во моментов има техничка влада.

-Зошто го кажувам ова? Затоа што не сакам да ги кренам очекувањата кај нашите граѓани. Бугарија има во јули избори. Но наша должност е да направиме се. Нема зијан доколку разговараме. Значајно е дека и ние и Бугарија немаме прашања за македонскиот јазик и идентитет. Зборуваме за динамика на сите детали од секторската соработка во делот на рамката или патната карта, за интензитетот на историската комисија, вели Заев.

Коронавирус