вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 135
home Вести

Заев им скрати на наставниците 10 илјади денари

Заев им скрати на наставниците 10 илјади денари

Ова пред мене е колективниот договор кој што го имаат потпишано Синдикатот , Министерството за образование и наука во 2010 година. Во овој колективен договор јасно во членот 34 и членот 35 се дефинира што значи најниска плата во образованието и како се пресметуваат нето платите на вработените во образованието вклучително и образовниот кадар но и вклучително и техничкиот персонал кој што е дел од образовниот процес. Имено, за наједноставен коефициент а тоа е група 1 е избран коефициентот на сложеност 1 кој што се дефинира како едноставна рутинска работа за обавување на работни задачи, изјави денеска на прес конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додаде:

„Од овде започнува да се пресметува платата нето на секој вработен во образованието од коефициентот 1, а коефициентот 1 одговара на минималната плата во државата. Според законот за минимална плата кој што до сега е во функција и кој што е правосилен, минималната плата во бруто износ во државата изнесува 17.943 денари или во нето износ околу 12.500 денари. Според се уште важечкиот закон за минимална плата ова е минималната плата која што треба да се исплаќа во период од Април месец 2019 заклучно со Март 2020 година. Според колективниот договор кој што претходно го споменав професорите во средното училиште и наставниците во основните училишта имаат коефициент на сложеност во подгрупа три од 2, 533. Според членот 34 и 35 платата се добива кога овој коефициент ќе се помножи со минималната плата или таа денеска требаше да изнесува 31.660 денари. Т.е. да бидам попрецизен за 5.660 денари повеќе од тоа што е предвидено со покачувањето од 10% кое што овие лажнивци им го понудија на професорите во основното и средното образование.“

-Доколку продолжат и понатаму на начин на кој што досега функционираат да ги манипулираат граѓаните, доколку продолжат на начин на кој што водат политика, тогаш продолжуваат и лагите на овие луѓе. Имено со зголемувањето на минималната плата која што е во процедура во Парламентот на ниво од 14.500 денари тогаш платата согласно Законот за минимална плата и согласно Колективниот договор на професорите во основното и средното образование треба да биде 36. 700 денари односно 10.700 денари повеќе од тоа што во овој момент е предвидено со зголемувањето од 10%, потенцираше Мицкоски.