петок, 23. јули 2021. Вести денес: 16
home Вести

Заев им се обрати на фудбалерите: „Ние сѐ уште се загреваме за Европа“!

Заев им се обрати на фудбалерите: „Ние сѐ уште се загреваме за Европа“!

Честитки до Горан Пандев и до македонската репрезентацијата за првиот, историски гол на ЕП за Северна Македонија, објави вечерва на Фејсбук премиерот Зоран Заев, додавајќи дека ние сѐ уште се загреваме за Европа, нашата најдобра игра допрва следува!

-Го живееме сонот кој го чекавме 30 години, да заиграме на Европското првенство во фудбал, рамо до рамо со најдобрите.Бие срцето силно за црвено-жолтите, за нашата македонска гордост. Со полна душа го следевме секој ваш чекор на теренот, покажавте одлична игра, нѐ направивте горди и среќни, истакнува премиерот Заев во објавата.

Коронавирус