недела, 25. август 2019. Вести денес: 22
home Вести

Заев и Спасовски одраа со казни илјадници граѓани, а за Шилегов нема казна за паркирање среде улица

Заев и Спасовски одраа со казни илјадници граѓани, а за Шилегов нема казна за паркирање среде улица

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на сред улица го паркираше Пасатот, и на сред улица изиграваше сообраќаец, со тоа загрозувајќи ја својата безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, во време кога сообраќајци гинат на автопат зошто излегуваат на сред автопат, со овие постапки Шилегов неовластено и кршејќи го законот изиграва сообраќаец.

Никаде во неговите ингиренции нема дека градоначалник треба да изиграва сообраќаец тоа е работа на сообраќајната полиција.

Обичен возач да се однесуваше како Шилегов, да паркираше автомобил на сред улица, и да изиграваше сообраќаец најмалку што ќе добиеше е казна и алко тест. Да биде пародијата поголема додека Шилегов „регулира“ сообраќај, таксист прави полукружно вртење на полна лента на едно метро од градскиот татко, со тоа доведувајќи ја безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Дали треба некој да биде повреден или да загине, за да разбере Шилегов дека на ваков начин не се добиваат политички поени?

Денеска беа одрани со казни возачите.

Казнети се 52 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 36 мандатни платни налози и 22 прекршочни платни налози, Петре Шилегов не е меѓу казнетите возачи.