вторник, 20. август 2019. Вести денес: 118
home Вести

Заев и се закани на Меркел: Ако не испорачате датум, може да го отворите патот за влијание од трети страни

Заев и се закани на Меркел: Ако не испорачате датум, може да го отворите патот за влијание од трети страни

Убеден сум дека ќе добиеме датум за преговори со Брисел, дај боже да биде порано. Ако биде јуни или јули тогаш целта е исполнета, ако биде на есен треба да се каже зошто не е сега даден, туку на есен, рече премиерот Зоран Заев на дебата на телевизија 24 на која учествуваа и други министри.

Ова го вели Заев сега, кој минатата година, пак, заедно со дел од владини претставници рекоа дека Македонија добила датум за преговори. Заев вели дека на германската канцеларка Ангела Меркел ќе и каже дека земјава испорачала и дека сега треба тие да испорачаат. Или како што реќе ќе и каже „испорачавме, должност е да испорачате“.

-Ако не испорачаат датум (н.з. ЕУ и Германија) отвораат простор за влијание на трети земји, ќе ги демотивираат економските процеси, може да го вратат национализмот, радикализмот популизмот, не очекувајте дијалог меѓу Вуќиќ и Тачи за Косово, рече Заев. Според него сето ова е причина дека ќе се испорача датум за преговори со Брисел. За тоа пак што ќе се случува во земјава во иднина ќе зависи исклучиво од постапките на Европската унија, или што ќе кажат од Брисел.

Оттука како што рече Заев, во оптек се сите опции, предвремени парламентарни избори или реконструкција, да го врати мандатот, да има нов мандатар.