вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 161
home Вести

„Заев и СДСМ ги уништуваат и така малите енергетски капацитети кои ги има Македонија- наместо инвестиции во нови капацитети, власта едвај ги одржува старите“

„Заев и СДСМ ги уништуваат и така малите енергетски капацитети кои ги има Македонија- наместо инвестиции во нови капацитети, власта едвај ги одржува старите“

Зоран Заев и СДСМ ги уништуваат и така малите енергетски капацитети кои ги има Македонија. Наместо инвестиции во нови капацитети, власта едвај ги одржува старите. Нема месец, а да не испаѓа од употреба некој од блоковите во РЕК Битола. Загубите се нижат, а никаде ги нема најавените инвестиции во термоелектраните. Нема филтри, механизација, ниту нови јагленокопи. Термоелектраните се оставени сами на себе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта вети многу, а не реализираше ништо. Нивото на реализација на програмата на СДСМ изнесува само 2%. Власта најави и дека ќе ги изгради и хидроакумулациите Чебрен и Галиште. Три години како се на власт, немаат отпочнато ниту со изготвување проектна документација, стои во партиското соопштение и се додава:

„Три години власта ништо не направи на полето на енергетиката. Три години трпиме само загуби. Време е СДСМ да си замине. По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ“.