сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 74
home Вести

Заев и Пендаровски одат против историчарите и бараат компромис за Гоце Делчев

Заев и Пендаровски одат против историчарите и бараат компромис за Гоце Делчев

Љубчо Георгиевски во интервју за бугарски „Бгнес“ ги пофали премиерот Зоран Заев и претседателот на државата Стево Пендаровски за, како што вели, храбрите изјави во врска со Гоце Делчев.

-Јас можам да кажам дека Заев и Пендаровски навистина како политичари даваат храбри изјави во поглед на зближувањето со Бугарија, меѓутоа вие гледате дека од друга страна некои 40 професори се потпишуваат и кажуваат веднаш да прекинат преговорите со Бугарија, Гоце Делчев е само Македонец и не смее да се дозволи никаква конотација дека Гоце Делчев е на Бугарија, вели во интервјуто Георгиевски.

За Заев, Гоце Делчев е мост меѓу Македонија и Бугарија, кој ако го немало, требало да биде измислен. На овој начин премиерот најавува компромисно решение со Бугарија по однос на Делчев.

-Постои голема доза на оптимизам за решавање на проблемот со потеклото на Гоце Делчев од двете страни. Бугарскиот народ е позитивен кон македонскиот народ и обратно. Верувам дека Борисов сака да се најде решение, сака добро за земјите од Западен Балкан и за Северна Македонија. Јас сум вечен оптимист. Да го немаше Гоце, требаше да го измислиме за да биде мост помеѓу двете земји. Треба да изнаоѓаме заеднички решенија, за да си помагаме заедно напред, изјави неодамна Заев.

И претседателот Пендаровски денеска вели дека Делчев е историска фигура, која ги надминува регионалните граници. Тој додаде и дека, поради тоа, не е спорно која било држава да ги слави и чествува ликот и делото на револуционерот.

-Она што навидум не дели, треба да не спојува. Јас мислам дека тој е македонски револуционер, кој е еден од најзаслужните за македонската држава која стана вистина, која се оствари по 1944 година. Меѓутоа тоа што тие тврдат дека тој е Бугарин, се борел за бугарската кауза, е за мене неспорно. Секој има право тоа да го брани. Зошто тоа би било проблем, не во однос на евроинтеграциите, генерално како народи, како граѓани, не гледам проблем ако ти го сметаш некого за јунак да го чествуваш и ти, и тоа не мора да биде исклучиво, вели Пендаровски.

Ваквите изјави на македонскиот политички врв се противни на исте изјави на историчарите кои се децидни дека Гоце Делчев бил Македонец.

Во февруари годинава проф.д-р Михајло Миновски истакнува дека Гоце Делчев е само Македонец, а нашето историско минато било и е само македонско.

Универзитетскиот професор Далибор Јовановски, во телевизиско гостување пред неколку дена посочи дека Делчев се борел за создавање на македонската држава.

-За мене Гоце Делчев е македонски херој кој се борел за автономна Македонија. Биле свесни дека прво треба да се бара автономија, па независност. Гоце Делчев е македонски херој кој се борел за создавање македонска држава, нагласи тој.

За Гоце Делчев има 300 аргументи дека нема врска со Бугарија, вели Ефтим Клетников од „Македонски Манифест“.

-И уште еден податок многу важен, со Гоце одел во четата најголемиот бугарски поет Пејо Јаворов, а тој единствено од Бугарите бил заљубен во македонизмот, кои денешните Бугари сакаат да го ништат. И тој одел во четата на Гоце и водел дневник за Гоце Делчев. И на едно место во тој дневник тој го цитира Гоце каде што вели – „Ќе огрее и над Македонија сонце, но нема да биде бугарско“. Само тоа доволно е да им се каже на Бугарите“, вели Клетников.

Коронавирус