четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 45
home Вести

Заев и официјално соопшти: Стево Пендаровски е консензуален претседателски кандидат

Заев и официјално соопшти: Стево Пендаровски е консензуален претседателски кандидат

Стево Пендаровски е заедничкиот претседателски кандидат, соопшти премиерот Зоран Заев по средбата вечерва со партиите од коалицијата предводена од СДСМ и владината коалиција и сите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата.

-Се обединивме повторно сите Македонци, Албнаци, Срби, Турци, Власи, Роми Бошњаци и сите други. За првпат во македонската историја различните застануваат зад Стево Пендаровски, изјави премиерот.

– Пендаровски одамна одлучи да оде напред и да влече. Да биде локомотива. Голема благодарност за другите кандидати, министри од Владата кои покажаа големина и го поддржаа надпартискиот кандидат. Да живее нашето заедништво. Да живее нашето заедничко општество. Ова е историска одлука. Стево Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани на Северна Македонија, потенцира Заев.

Посочи дека вечерва 31 политичка партија заедно се обединија и покажаа дека националните се над партиските интереси.