сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 96
home Вести

Заев и Мицкоски во 18.30 часот кај претседателот Пендаровски

Заев и Мицкоски во 18.30 часот кај претседателот Пендаровски

Две недели откако беше запрен т.н. канал за комуникација, Заев и Мицкоски под медијаторство на претседателот Пендаорвски вечерва ќе се обидат да најдат договор за датумот за избори.

Средбата, прва во ваков формат, ја најави Пендаровски во пладневното обраќање, а според информациите од партиите, веднаш по него запоичнала интензивна телефонска комуникација.. Канал 5 дознава дека во овој момент на маса се датумите осми и 12-ти јули.

Шефот на државата во своето обраќање истакна дека избори треба да има, но истите треба да бидат во договор и учество на сите политички субјекти. Вели важно е државата да добие што поскоро функционални институции, но исто толку е важно да има и инклузивен изборен процес.

„Поради тоа што Собранието е распуштено, а имаме недоволно разработена правна регулатива за вонредни ситуации имаме иницијални елементи на уставно-правна криза. Доколку не успееме да се договориме за транспарентен и инклузивен изборен процес тоа ќе значи влез во длабока политичка криза. Ако го погледаме поширокиот регион во кој се наоѓаме и обидите за дестабилизација преку хибридни закани и лажни вести, не можеме да исклучиме дека евентуалната правна и политичка криза нема да прерасне во безбедносна“, рече претседателот Пендаровски.

Обраќањето на Пендаровски, се случи на еден ден пред истекот на вонредната состојба, но уште денеска соопшти дека нема да ја продолжи.. Смета дека институциите и здравствениот систем се во кондиција да се справат со коронакризата, а владата ги донесе сите неопходни мерки за помош на економијата преку уредбите со законска сила. Вели, како и досега, бројот на заразени од вирусот не е основа за одлука за вонредна состојба.

„Сакам да нагласам дека споредбите што се прват меѓу претходните вонредни состојби и бројот на тогаш заразени и починати и на актуелните бројки на заразени и починати се без основа, затоа што ниту една вонредна состојба не беше воведена од тие причини. За мерките од типот полициски час, карантин и кризна состојба на дел или на целата територија постои законска регулатива и воопшто нема потреба да се воведува вонредна состојба за да се применуват тие мерки“, истакна шефот на државата.

Доколку средбата Мицкоски-Заев на Водно закажана за 18.30 даде резултат, се очекува во кабинетот на Пендаровски да бдиат поканети и останатите лидери и на таков начин датумот да избори да биде верификуван и соопштен уште вечерва..

Коронавирус