среда, 24. април 2019. Вести денес: 13
home Вести

Заев и Мицкоски утревечер на прв ТВ дуел на МТВ

Заев и Мицкоски утревечер на прв ТВ дуел на МТВ

Mакедонската телевизија утревечер, во 20 часот, ќе го организира првиот ТВ дуел меѓу претседателот на Владата и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ТВ дуелот минатата недела го побара лидерот на опозициската партија, а фрлената ракавица веднаш беше прифатена од премиерот. За организатори на овој прв ТВ дуел меѓу првите луѓе од власта и опозицијата по повеќе години, првично се пријавија три телевизии.

Стојан Трпчевски, уредникот на Информативната редакција на МТВ, ќе биде домаќин и водител на ТВ дуелот, а според него, соговорниците ќе ги спротивстават своите погледи и ставови за повеќе актуелни теми – од преговорите за името, надворешната и внатрешната политика, економијата, реформите, долговите…..

Работниот наслов на ТВ дуелот е „една година власт, една година опозиција“.

МИА