недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 40
home Вести

„Заев и криминалниот картел без срам, најбрутално ја ограбуваат Македонија и го распродаваат идентитетот“

„Заев и криминалниот картел без срам, најбрутално ја ограбуваат Македонија и го распродаваат идентитетот“

Зоран Заев и криминалниот картел без срам, најбрутално ја ограбуваат Македонија и го распродаваат идентитетот. Само за неколку дена се фатени живи како сакаат да украдат цели 45 милиони евра пари на граѓаните. Единствен спас од одговорност за невидениот грабеж гледаат во тргувањето со највисоките државни и национални интереси. Бришењето на името Република Македонија, македонската историја, јазик, традиција и култура за Зоран Заев е само параван за прикривање на бездушниот грабеж, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа Зоран Заев и СДСМ заборавија на се што ветуваа и на се што се колнеа. Само за да продолжат со грабеж на стотици милиони евра Зоран Заев и СДСМ ги бришат сите интервјуа и забрануваат да се емитуваат јавните настапи во кои:

– Зоран Заев и СДСМ се колнат во „татковците, дедовците, децата и внуците”, дека нема да се согласат со менување на името

– Зоран Заев и СДСМ се колнат во „жицата македонска” дека немало да го менуваат Уставот.

– Зоран Заев и СДСМ се потсмеваат на предупредувањата дека прифаќањето на грчките црвени линии ќе значи целосно бришење на името Република Македонија, известување на сите земји кои не признале под уставното име, па дури и промена на личните документи и називите на институциите.

– Зоран Заев и СДСМ бараа поддршка од граѓаните за да создаделе позитивна клима со соседна Грција со која што ќе ја внесат Република Македонија во НАТО под времената референца, а никако со сменет идентитет, стои во реакцијата и се додава:

„Ова се дел од работите што СДСМ забранува да се објавуваат и комуницираат во јавноста. Ова се фактите кои докажуваат дека Зоран Заев прифаќа, буквално се, без разлика колку е на штета на државата. Ова се фактите поради кои Зоран Заев сака да ги манипулира граѓаните и не сака консензус. Зоран Заев е исплашен. Свесен е дека договорот со Грција е штетен и граѓаните нема да го прифатат. Доколку Зоран Заев и СДСМ се убедени дека договорот е добар, нема да ја потценуваат јавноста и согласно закон ќе постават едно, јасно и недвосмислено прашање на референдум“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и СДСМ не сакаат договор, бидејќи, како што велат, на таков начин во јавноста ќе биде фокусирана само на криминалите што во моментов ги прават.

-Граѓаните знаат дека Зоран Заев и актуелното раководство на СДСМ се единствените во македонската историја кои прифатиле да се избрише името Република Македонија. Зоран Заев и СДСМ меѓу криминалот и највисоките државни и национални интереси, го одбраа криминалот и личното богатење. Единственото црно сценарио кое се прави во Македонија е сценариото кое го прави Зоран Заев и криминалниот картел на власт. Сето ова е класичен пример за ненародна власт, која мора што порано да падне. Одговорност за овој криминал на картелот на власт мора да има. Народот ќе го победи ова зло олицетворено во Зоран Заев и врхушката на СДСМ. Македонија ќе победи, сакале тие да прифатат или не.

Коронавирус