петок, 14. мај 2021. Вести денес: 42
home Вести

Заев и Филипче вчера возеа мотори, додека 32 лица починаа од коронавирус- опозицијата бара одговорност

Заев и Филипче вчера возеа мотори, додека 32 лица починаа од коронавирус- опозицијата бара одговорност

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вчера биле на приватна мото- турнеја низ Македонија.

Сред ек на пандемијата со коронавирусот, додека дневниот црн биланс покажува по околу 50 починати лица дневно, а граѓани протестираат пред министерството за здравство, двоецот Заев- Филипче наместо да се ангажираат да обезбедат вакцини, си се возат со мотори низ Крушево.

Од почетокот на овој месец до сега има над 300 починати лица, болниците се полни со пациенти, а Заев и Филипче уживаат во возењето со скапи мотори и си летаат со хеликоптери.

Само вчера во Македонија починаа 32 лица. Пред министерство за здравство вчера се одржа и протест под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“, но ниту ресорниот министер, ниту премиерот ги слушнаа нивните пораки, бидејќи тие денешниот ден си го искористија за нивното луксузно хоби.

Денеска реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Нови 1.092 случаи на корона и 32 починати лица, 32 семејства завиени во црно. Филипче и Заев рушат црни биланси. Македонија со Филипче и Заев, се искачи високо на листите на починати лица, и тоа на листите на „Блумберг“, „Фајненшл Тајмс“. И наместо да поработи, Филипче заедно со Заев организираат возење со мотори кое им стана традиција. Дополнително, Филипче, Заев и нивните служби се занимаваат со снимање на протестите на опозицијата. Филипче и Заев прават се, само не се грижат за здравјето на народот, имаат време за забава, имаат време да најдат провизии, за возењето мотори веќе сите знаат, стои во партиското соопштение и се додава:

„Поради негрижата има 4.128 починати од корона, и Заев и Филипче ќе одговараат за секој згаснат живот. Филипче и Заев одете си! И не само што треба да си одат, Филипче и Заев, ќе одговараат за секој згаснат живот! Заев и Филипче се дел од мафијата која хара по државава. Заев и Филипче имаат крвави раце и  нивната неспособност убива“.

Коронавирус