среда, 28. јули 2021. Вести денес: 2
home Вести

Заев и Филипче со хеликоптер во посета на Прилеп: Функционерите на власта уживаат во нејзините благодети, народот нека се снаоѓа како знае!

Заев и Филипче со хеликоптер во посета на Прилеп: Функционерите на власта уживаат во нејзините благодети, народот нека се снаоѓа како знае!

Премиерот Зоран Заев потврди дека денеска со хеликоптер отпатувал во посета на Прилеп.

Имено, Заев на одговор на новинарско прашање, потврди дека заедно со министерот за здравство Венко Филипче во Прилеп отпатувале за настан на промоција и тоа со хеликоптер и на државна сметка.

Ваквото однесување на првиот човек на Владата, како и на првиот човек на здравството во Македонија не претставува ништо друго, освен еден голем скандал, каде што во нормални држави би паднала и целата Влада.

Додека состојбата со коронавирусот е на високо критично ниво и бројот на новозаразени и починати од истиот секојдневно се зголемува, и додека народот е оставен сам на себе да се снаоѓа како умее и знае, функционерите од властаси живеат лагодно, односно возејќи мотори, шетајќи се по егзотичните места низ светот, како Дубаи и Мексико, за денеска врв на сето тоа да биде патувањето на Заев и Филипче со хеликоптер во Прилеп, што претставува скандал сам по себе и исто така го потврдува фактот дека истите повеќе сакаат да уживаат во благодетите кои што ги нуди власта, околку да ги засукаат ракавите и да му излезат во пресрет на својот народ, кој што поради коронакризата и недостатокот на вакцини, решението го бараат во соседна Србија.

Во Прилеп до сега како последица од коронавирус починале 310 лица, а до сега за ниту еден од нив не полетал хеликоптер. Ова јасно ја отсликува состојбата во која се наоѓа државата, односно пари за „екскурзиите“ на Заев, Филипче и владините функционери има, а за потребите на народот нема.

Инаку за овој скандал утрово реагираше и претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески кој што ја обвини власта за повеќе работи, како прекинот на патот Градско- Прилеп, Еурокомпозит, тутунарите

1.Патот Градско- Прилеп го прекина и е сега небезбеден,поради тоа што фирмата Рубау си замина бидеј ќи Заев и Сугарески му барале провизија?

2.Да ги избегни ТУТУНАРИТЕ кои го чекаа да му се “заблагодарат” за најкатастрофалниот откуп на тутун во последниве 30г.Тутунот земен за беспари.Тутунарите излажани и ограбени.

800 -1.000тони тутун остана неоткупен.Прв пат после 30ина години.

3.Вработените во општинската фирма ЈПЗ за ПУП кои го чекаат “пресреќни”, зеле вчера 5.000 денари февруарска плата,за мартовската ќе почекале!

4.Вработените од Еурокомоозит кои “само што не почнале” со работа, излажани со неисплатени придонеси за кои се гласаше и закон во собрание!, пишува Ристески во својата објава.

Како за потсетување, претходно двајцата високи функционери од владата, Љупчо Николовски за викенд беше во Дубаи, додека поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски со семејството се одмараше на Мексико, за време кога низ целиот свет беснеаат повеќе мутации на коронавирус.

Коронавирус