понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 86
home Вести

„Заев и Филипче се најголемата катастрофа за граѓаните“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев и Филипче се најголемата катастрофа за граѓаните“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев и неговиот министер Венко Филипче освен што рушат црни рекорди и ги лажат граѓаните, не знаат ништо да направат. Иако бројката на активни случаи е речиси 12 илјади, а на починати надмина илјада, Заев и Филипче освен што доцнат со мерките, спроведуваат и многу површни мерки или колку да не е без ич, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Знае ли Заев дека како последица на неговите лоши владини политики, како и лоши политики на политичката Комисија за зарзани болести резултат се полните болнички капацитети.

Знае ли Заев и надлежните во Владата меѓу кои и Филипче дека снемува и реагенси по лабораториите и граѓаните не можат да направат тестови.

По толку катастрофални резултати од нивното работење едно е јасно, мерката е едноставна оставка на Филипче.

Се додека Заев ја води Владата, а Филипче клучното министерство на граѓаните ништо нема да им помогне.

Заев и Филипче граѓаните ги оставија сами на себе“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Локални избори 2021