недела, 11. април 2021. Вести денес: 86
home Вести

Заев и Филипче се како раштиман оркестар во лагите за кога и колку вакцини ќе пристигнат

Заев и Филипче се како раштиман оркестар во лагите за кога и колку вакцини ќе пристигнат

Вакцинацијата додека во регионот се одвива без проблеми од декември месец, Македонија се уште нема добиено посериозна бројка на вакцини кои би помогнале на граѓаните во справување со КОВИД-19. Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев во немоќ и не знаејќи веќе како да се оправдаат пред граѓаните па лицитираат со бројки на вакцини и можни датуми кога истите би пристигнале во државата.

Дури и во лагите министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев се како раштиман оркестар.

Премиерот Зоран Заев најави дека два ипол милиони дози ќе пристигнат во Македонија. Според пресметките на премиерот Зоран Заев треба да пристигнат 300 илјади дози повеќе од тоа што е како најавено од страна на министерството за здравство и министерот за здравство Венко Филипче, а разликата е кај кинеската вакцина „Синофарм“ и руската вакцина „Спутник V“.

-Ако ги броите 800.000 од „Фајзер“, 833 илјади од КОВАКС механизмот, 400 илјади имаме 2 пати по 200 од Кина, имаме дополнително од Европската Унија согласно грантот од 70 милиони евра, донациите кои што дополнително ги најавија сите соседи стигаме до 2,5 милиони. Значи сме направиле исчекор повеќе за да ги фатиме сите механизми за да направиме договори, предговори, некаде дури и анекс да платиме се со конечна цела да преземеме се што е неопходно, истакна премиерот Зоран Заев во изјава за медиуми на 04.03.2021.

Сега за сега се очекуваат да пристигнат вакцините на „Фајзер“ и тоа 800.000 дози, а се очекуваат 833.000 дози преку КОВАКС системот. Но, датум за вакцините од Кина „Синофарм“ нема иако пред некое време дури и Кина го врати авансот на Македонија за истите вакцини.

Но фактите дека здравствениот систем потфрла е и дека само четири земји во светот, според податоците на „Блумберг“ имаат направено „помалку од Македонија“. Ниту една од нив не е од Европа. Македонија потона на листата рангирани земји според примена вакцина. Македонија се наоѓа на 99-то место од вкупно 108 анализирани земји. Процентот на вакцинирани по глава на жител во Македонија е 0,07 дози на 100 луѓе, што е подобро од некои земји како Јужна Кореја, Јапонија, Иран, кои имаат повеќе вакцини, но имунизацијата е помалку застапена.

-Два милиона вакцини за Македонија се видливи само за Заев и Филипче, ама не и за граѓаните. Филипче лаже, Заев лаже, веќе тоа на сите им е јасно. Прават споредба со другите земји за кои велат дека имаат конкретни бројки на вакцини. Македонија ја има само на листите на починати од корона, и тоа котира високо. Во Македонија нема вакцини, ама ги има сите соеви на корона вирусот, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус