сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 16
home Вести

„Заев и Димитров треба да знаат дека до изгласувањето на уставните амандмани ќе им замижуваат за сè, потоа следува реална критика“

„Заев и Димитров треба да знаат дека до изгласувањето на уставните амандмани ќе им замижуваат за сè, потоа следува реална критика“

Кога Зоран Заев и Никола Димитров влегоа во авантурата за менување на името на Македонија, ветуваа дека тоа ќе донесе европска и НАТО-интеграција, ќе донесе подобар живот, поголема благосостојба и повеќе пари кај народот. Поедноставено пораката им се сведуваше – ќе изгубиме на достоинство, но ќе добиеме материјално. Ова е пристап што јас со индигнација го отфрлам, но ете тие веруваат во тоа, што говори за нивната морална вертикала која, за жал, ја немаат. Во истото успеаја да убедат и еден помал дел од народот, кој соочен со беспарица, тежок живот и битка за подобар иднина поверува во ова. На крај заклучокот е дека како народ го изгубивме достоинството, а подобриот живот не дојде, пишува Александар Николоски во својата најнова колумна за НЕЗАВИСЕН.

-Текстов го пишувам од Брисел и за жал морам да констатирам дека како никогаш порано сум песимист околу можноста во јуни 2019 година Македонија да почне преговори за членство со ЕУ. Тие преговори, според власта, требаше да бидат круната на целиот процес. Од овде можам да кажам дека веројатноста Македонија да почне преговори за членство во ЕУ во 2019 е сведена на теорија. Со многу едноставно образложение – владата на Заев не испорачува ништо во делот на реформите кои треба да значат подобар живот на граѓаните. Сите со кои разговарам во Брисел го велат истото – може да станете членка на ЕУ само и доколку напредувате кон нашите стандарди. Во моментов Владата не испорачува во делот на реформи. Да – го потпиша договорот од Преспа, но тоа не е доволно. Значи да сме на јасно што вели Брисел – промената на името не е доволна не само за членство во ЕУ, туку и воопшто за почеток на преговори со ЕУ. За да се случи тоа Македонија мора радикално да се менува, пред сè во делот на владеење на правото, во работата на јавната администрација, борбата со корупција, како и силно економски да напредува преку нови инвестиции и нови работни места, пишува тој.

Николоски порачува дека Заев и Димитров треба да знаат дека до изгласувањето на уставните амандмани ќе им замижуваат за сè.

-Но потоа следува реалната критика. Што мислат Заев и неговите соработници – дека во Брисел не знаат дека нема никакви реформи во судството и обвинителството и дека нивната злоупотреба во политички цели е на историски највисоко ниво. Или мислат дека во Брисел не го читаат извештајот на „Транспаренси интернешенел“, кој вели дека Македонија е на рекордно најниско место по перцепција за корупција, дури на 107. Мислат ли дека во Брисел не знаат или можеби ќе им простат што се краде од државниот буџет на големо, што се местат тендери и што немилосрдно се цица од народната каса; мислат ли дека ќе им простат само затоа што решиле да го променат името на Македонија. Или мислат ли дека Брисел не гледа дека администрацијата е уште погломазна, понеефикасна и попартизирана, напиша Николоски.

Коронавирус