вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

„Заев и Анѓушев се на прав пат да ја уништат Македонија- Селективното доделување минимални средсва за инвертори клими претставува дрзок обид за корумпирање и манипулирање“

„Заев и Анѓушев се на прав пат да ја уништат Македонија- Селективното доделување минимални средсва за инвертори клими претставува дрзок обид за корумпирање и манипулирање“

Заев и Анѓушев се на прав пат да ја уништат Република Македонија. Селективното доделување минимални средсва за инвертори претставува дрзок обид на Заев и Анѓушев за корумпирање и манипулирање. Проблемот со загадувањето во Република Македонија нема да се реши само со набавка на инвертор клими за 10.000 семејства, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Мерката е дискриминирачка и доколку СДСМ се грижеа за здравјето и за реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните тогаш истат мерка ќе важеше за цела територија Република Македонија. Потребни се сериозни планови и политики за справување со загадувањето. Потребни се темелни и одржливи мерки за сите граѓани, стои во партиската реакција и се додава:

„Веднаш по формирањето на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го рестартира проектот за изградба на секундарната и терцијалната гасификација на Македонија. Преку вистинска субвенција граѓаните да можат да добијат достап до вистински еколошки ресурс, одржлив, функционален и економичен. Доаѓа крајот на политичката кариера на двоецот Заев-Анѓушев, а потоа следи одговорност. Доаѓа обнова на Македонија и вистинска грижа за граѓаните“.