петок, 13. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Заев грчевито се борел за задржување на Рускоска, што всушност е и неговата нова Катица Јанева

Заев грчевито се борел за задржување на Рускоска, што всушност е и неговата нова Катица Јанева

Неофицијално, власта прави сè за да ја спаси Вилма Рускоска со нов предлог за Законот за ЈО кој ќе ѝ гарантира на Рускоска дека ќе застане на чело на новото обвинителство кое би се формирало од постојното Обвинителство за органзиран криминал и корупција и СЈО.

Освен тоа, преговарачкиот тим на СДСМ инсистира да се спасат сите вработени во СЈО, не само обвинителите, кои би преминале директно во новото обвинителство. овој предлог за опозицијата е неприфатлив имајќи предвид дека станува збор за компромитирани кадри, вработувани по партиски клуч и по роднински и пријтелски врски со обвинители во СЈО и луѓе блиски до врвот на СДСМ.