петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 162
home Вести

Заев го враќа долгот за коалицијата со ДУИ, случајот „Диво Насеље“ ќе се враќа на повторно судење?!

Заев го враќа долгот за коалицијата со ДУИ, случајот „Диво Насеље“ ќе се враќа на повторно судење?!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред еден месец во неговото гостување во албанската телевизија прашан за случајот „Диво Насеље“ откри дека еден од условите во договорот за коалиција со СДСМ беше овој случај повторно да се отвори и да се повтори судењето за истиот.

-Ние сакаме овој случај да се расветли бидејќи би било во корист на сите страни и сме побарале и сме го ставиле во договорот за коалиција со СДСМ за овој случај да се повтори судењето и повторно да се отвори и да се преистражи се до обелоденување на вистината, изјави Ахмети.

Но, според последната вест од членовите на Кумановската група дека се ближи нивното ослободување со тоа што за многу брзо случајот ќе биде вратен на повторно судење се чини дека Заев многу бргу го враќа долгот кон ДУИ.

-После долго време, изгледа убава вест пристигна до нас, членовите на Кумановската Група. Како што изгледа, за многу брзо, ќе биде закажано рочиште во Врховниот суд за Кумановската Група. Случајот се очекува да биде отворен во трет степен после жалбата што ја поднесоа адвокатите на одбраната, незадоволни од драконските казни кои ни беа изречени на сите нас членовите на Кумановската Група од Кривичниот суд во прв степен и втор степен, напиша Фатмир Речица Лугаџиа еден од членовите на групата, пренесе весникот Лајм.

Тој дури додава дека кога ќе се донесе таква одлука според нивните адвокати ќе можат да се бранат од слобода.

-Ако случајот се врати на повторно судење на прв степен, тогаш ние, членовите на Кумановската Група, треба да бидеме ослободени, и да се браниме од слобода, бидејќи сме поминале повеќе од 2 години цели 29 месеци во притвор, така вели и адвокатот Ибрахим Бајрами“, напиша Лугаџиа.

Најнови вести

Коронавирус