вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 81
home Вести

Заев го призна скандалот со Дака и најави нови ДУП-ови по принципот на ШИК Јелак

Заев го призна скандалот со Дака и најави нови ДУП-ови по принципот на ШИК Јелак

Сопственоста на инвеститорот е остварена за време на ВМРО-ДПМНЕ, вели Заев за ШИК Јелак

Почитувањето на неизнасилено градење мора да биде составен дел на урбанизмот, почитувањето на зелените површини, и соодветен број на паркинг места е законски императив вграден во македонските закони што треба да се почитуваат. Сето друго е голо политиканство. Уште еднаш го кажувам главниот факт на какво било обвинување. Сопственоста на тоа земјиште или акционерска сопственост која е затекната или создадена од инвеститорот, е за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев, во одговор на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека власта дозволила на земјиштето на контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ во околината на Тетово, да се градат станови.

-Детални планови во РСМ од независноста до сега се носат и ќе се носат. Сопственоста на дотичниот господин во ШИК Јелак е остварена во 2014, 2015 година и слично, тука нема промена во некаков вид на сопственост. Урбанистичкиот план е вратен три, четири пати, како што се и другите со сите забелешки од страна на Транспорт и врски и на крајот на февруари оваа година е даден на согласност. На крајот нека се гради во Тетово, нека се шири во периферијата, доста е во центарот на градот со узурпацијата на сите места, оцени Заев.

Изрази уверување дека ќе се донесе план и за Тутунскиот комбинат, за старата касарна, за развојот на стадионот, за болницата и здравствените аспекти во Тетово.

-Наша задача е да отвориме простор да растат и да се развиваат градовите во перифериите, ШИК Јелак е на влезот во Тетово. Досега Тетово и многу други градови во нашата земја патат заради тоа што сите се втурнуваат да градат згради и други објекти строго во центар. Верувам дека сите општини ќе продолжат да носат колку што е можно побрзо и поефикасно детални урбанистички планови за развој на општините. Општините се тие кои го димензираат нивниот развој, Транспорт и врски дава согласност и така треба да продолжиме. Имаме општини во Скопје и во внатрешноста кои веќе две и пол години немаат донесено детален план, истакна Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција истакна дека првиот ден од мандатот Заев и ДУИ не го искористиле да помогнат на народот туку да го сменат деталниот урбанистички план во Тетово, за да може на земјиштето на контроверзниот бизнисмен Дака да градат станови, бизнис вреден околу 200 милиони евра.

За ова вчера обвини и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој рече дека власта дозволила во земјава мултимилионски бизниси на контроверзни личности од регионот.

Коронавирус