петок, 30. септември 2022. Вести денес: 156
home Вести

Заев го потценува народот- еве што кажуваше три дена пред избори во 2016-та, а што кажа вчера!

Заев го потценува народот- еве што кажуваше три дена пред избори во 2016-та, а што кажа вчера!

Зоран Заев од позиција на лидер на најголемата опозициска партија на 8-ми декември 2016-та година (само три дена пред парламентарните избори) излезе со изјава дека „Нема промена на уставнто име на државата“. Наспроти ова, Заев вчера од позиција на премиер на државата излезе со изјава дека „Владата е подготвена за име со географска одредница“.

-Нема промена на нашето уставно име, нема промена на нашиот идентитет, проблемот со Грција ќе го решиме со интензивна дипломатска активност, изјави во интервју за ТВ Телма претседателот на СДСМ Зоран Заев на 8-ми декември 2016-та година, три дена пред парламентарните избори.

Во врска со проблемот со Грција со името и мерките на доверба што се подготвуваат, Заев тогаш рече дека тие мерки се неопходни, но додаде дека црвените линии на СДСМ биле познати.

„Нема промена на уставното име и нема промена на нашиот идентитет, на нашата национална посебност. За сѐ друго сме подготвени да разговараме и верувам дека со интензивна дипломатска активност можеме да најдеме решение на овој проблем, изјави Заев тогаш.

Лидерот на СДСМ, кој е познат по своите контрадикторни изјави во кои самиот себеси се демантира, вчера изјави дека Владата била подготвена за географска одредница, со што самиот ја погази својата изјава дадени пред изборите дека нема да има промена на уставното име.

Заев синоќа на прес-конференција изрази подготвеност името на земјата да содржи географска одредница, потенцирајќи дека прашањето за спорот за името што Македонија го има со Грција е суштествено и оти треба да се даде шанса низ преговорите да се изнајде решение.

-Ние сме подготвени за географска одредница и до тука ќе застанам, затоа што прашањето е суштествено и треба да дадеме шанса низ преговорите во изнаоѓање на решение, изјави Заев на вчерашната заедничка прес – конференција со евроамбасадорот Самуел Жбогар, по презентација на Стратегијата за Западен Балкан пред министрите.

Коронавирус