сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 59
home Вести

Заев го потцени народот- Според него граѓаните не знаеле да гласаат и затоа не го гласале него, помешале 3 и 12

Заев го потцени народот- Според него граѓаните не знаеле да гласаат и затоа не го гласале него, помешале 3 и 12

Заев го потцени народот- Според него граѓаните не знаеле да гласаат, и затоа не го гласале него, помешале 3 и 12. За Заев народот е виновен затоа што тој изгубил, и тој не знаеле да гласа. Заев треба да знае дека народот точно знае зошто не гласал за него, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тендерите во РЕК, Тендерите на Филипче, Рекетот по фирми, националните порази, неработата се причината поради која Заев изгуби, а не затоа што народот не знаел како да го заокружи за да го поддржи.

Неодговорноста за криминал на Рашковски, кој Заев се упте го брани и тврди дека е невин, Ден Дончев кој го виде целата јавност како става туце со пари во ташна е на слобода, а за него нема ниту обвинение. Местените тендери на Шилегов и преплаќање на една набавка речеси двојно, како и нехигиената се причината зошто граѓаните знаат што кружат, а тоа не беше Заев.

Граѓаните му дадоа жолт картон на Заев и за него и неговите другари на функции, а во недела на 31 октомври ќе му дадат и црвен.

А кога зборува за другарите на функции нека ги погледне Венко Филипче и Љупчо Николовски, со едниот вози мотори, а со другиот оди по ручеци, тие и двајцата му се во влада и ги брани, иако одамна требаше да се заминати.

Заев не се менува. Пред само месец ипол изгоре цела болница и 14 луѓе ги загубија животите, но Заев наместо оставка реши да го брани неговиот другар Филипче, е затоа Заев лаже.

Тој ниту го смени Николовски кој го мести од функција на функција, ниту го смени Филипче.

Заев е прочитан. На 31 октомври народот ќе му покаже дека точно знае како гласа, потенцираат од партијата.

Коронавирус