Премиерот Зоран Заев започна преку видео да се обраќа до македонската јавност.
Видео обраќањата неодамна ги започна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопштувајќи им на граѓаните значајни информации за актуелните случувања.
По скандалозното донесување на законот за јазици, Заев очигледно на овој начин избегна да одговори на новинарските прашања.
Наместо како премиер да се соочи со јавноста, тој одлучи на друг начин да им се обрати на граѓаните. Во недостаток на лична идеја, одлучи да го копира начинот на обраќење кој го започна Мицкоски.