понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Вести

Заев го копира Мицкоски, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тргна на средби со стопанствениците, Заев со бледа имитација

Заев го копира Мицкоски, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тргна на средби со стопанствениците, Заев со бледа имитација

Откако Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски започна со средби со стопанствениците низ државава, веднаш со истата пракса започна и премиерот и Претседател на СДСМ Зоран Заев. Имено Заев вчера беше во посета на компанија во Гевгелија.

За разлика од Заев, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Петровец каде тој оствари средба со неколку стопанственици од најуспешната индустриска зона во Македонија.

Денеска сме овде во општина Петровец како што кажа градоначалникот, да поразговараме за една успешна приказна која што изминативе години овде функционира, но и 17 инвеститори од пред некој ден имаме овде во Петровец, очекуваме уште дополнителни 4 во деновите коишто следат, нови 500 работни места покрај постоечките 1.000 работни места, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при посетата на индустриската зона Ќојлија.

-Уште еден доказ дека ако се сака се може и во услови на криза да се постигнуваат исклучителни резултати. Јас жалам што редок е примерот во Македонија за вака успешни општини, но истовремено сум горд што градоначалникот на Општина Петровец покажа и докажа дека навистина кога макотрпно се работи, кога упорно се работи може да се привлечат инвеститори и во услови на криза, да се отворат нови високоплатени работни места и општината Петровец денеска со гордост може да каже дека е општина број еден по број на нови инвестиции и по број на квалитетни отворени работни места иако морам да признаат дека како градоначалник од опозиција тој е многу поуспешен, би рекол најуспешен споредено со сите градоначалници кои што се од редовите на власта и покрај сите препреки кои што изминатиов период ги имаат сите коишто доаѓаат од опозицијата. Нешто што би рекол дека е антидржавно однесување на оваа неспособна и корумпирана влада која секаде низ светот не срами, рече тој и додаде:

„Она коешто исто така сакам да го кажам се економските показатели изминатиов период, нула странски инвеститори, последните два квартали кои ги обработува Народната Банка покажуваат дека имаме одлив на странскиот капитал од Македонија. Во периодот кој следува очекувам тој период за жал да продолжи и во четвртиот квартал ли би рекол минимално да се зголеми и со тоа ние сме практично на дното по директни странски инвестиции во регионот далеку позади нашите соседи, а со оние земји од Централна и источна Европа не можеме ни да се споредуваме“.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија