недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Заев го демантираше Зекири вечерва на маршот за правда дека не вршел притисок врз судии- Кој лаже, а кој ја кажува вистината

Заев го демантираше Зекири вечерва на маршот за правда дека не вршел притисок врз судии- Кој лаже, а кој ја кажува вистината

На Алфа телевизија вечерва во емисијата „Што не е јасно”, потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири изјави дека премиерот Зоран Заев не вршел притисок врз судии иако сегашниот градоначалник, а порано министер за правда Блерим Беџети јавно изјави дека екс премиерот Заев му влијаел да донесе одлука за некаква позиција.

-Едно што знам е дека премиерот Заев никогаш не вршел притисок врз судии и на сите нас што сме во раководството на партијата и на сите функционери ни има кажано „се можете да правите, но да барате и да се јавувате по судии за било што, тоа неможете да го правите”, изјави Зекири.

Но, вечерва на маршот на СДСМ наречен „Чекориме за пpaвда“, лидepoт на СДСМ Зоран Заев кажа дека и самиот тој, како и гpaѓаните, е незадовoлeн од правниот систем, но рече дека за да имало побрза правда требало тој да се јавува и да нарачува пpeсуди, како што се правело претходно.

-Можеше да има и побрза пpaвда, ама требаше Заев да се јавува по телефони за да наредува пpeсуди, изјави на маршот Заев.

Коронавирус