понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 23
home Вести

Заев го демантира Заев: Кој став денес ќе го промени екс-премиерот?

Заев го демантира Заев: Кој став денес ќе го промени екс-премиерот?

Поранешниот премиер Зоран Заев е познат по менување на сопствените изјави и одење против самиот себе.

Така, често можеме да слушнеме како самиот се демантира, глуми дека не помни што има кажано, “плука, па лиже“, оди контра себе.

Човечки е да се греши, но кога тоа ќе премине во навика, веќе не е грешка туку лага. А лагите кај Заев се секојдневие.

Најнов случај во низата е менувањето на неговиот став за промената на имињата на училиштата.

После неговата изјава дека промената на имињата на училиштата е спротивно од Законот, вчера на својот профил на Фејсбук напиша дека после темелна анализа и консултација со правни тимови, констатирано е дека немало потреба од Бадентер и дека промената е согласно законот.

„Вчера и денеска ги проверивме сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир.

После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од Законот за основно образование. Откако училишниот одбор донел одлука за измена на Статутот на училиштето со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, истата била потврдена и од страна на Советот на Општина Чаир. Баденетерово мнозинство не било неопходно.

Одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување на какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја.

Одговорно е да се водиме од словото на законот, нема и не смее да има простор за ширење национализам и поделби.

СДСМ е партија предводник на концептот едно општество за сите која се води исклучиво од словото на законот.“, напиша Заев.

Жицата си ја искина

Заев е познат по своите изјави за промена на уставното име на Република Македонија. Велиме изјави, затоа што толку ги менуваше што наликува како 10 луѓе со различни ставови да го кажале сето тоа. А ги изусти само еден човек.

Потсетуваме само на дел од нив:

„Додека ме држи памет нема да дозволам промена на Уставот“, рече Заев. Од денешна дистанца, можеме ли да заклучиме дека паметот веќе не го држи бидејќи Уставот е сменет?

На прашање дали доколку СДСМ дојде на власт може да дојде до промена на името, тој одговори:

„Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, додека ме држи памет дека мојот дедо, мојот татко сите мои предци, јас мојот син и ќерка сме Македонци родени овде во Македонија, тоа не може да се случи“. Дали веќе не дише или веќе децата не му се родени во Македонија?

„Ако пуштите ветришта во жиците кои влегуваат во мојата куќа, ќе го барам и ќе го најдам чаерето. Можете да правите што ви душа сака со сите важни и неважни жици во мојот живот. Но како Господ Ве молам…НЕ ГИБАЈТЕ МИ ЈА ЖИЦАТА МАКЕДОНСКА ОТИ ИЗГУБЕН ВО ВРЕМЕТО, БИ ГО БАРАЛ СЕМЕТО ОДЕЈЌИ ПО ЖИЦA“. Очигледно откако Заев го смени уставното име на Република Македонија, сам си ја скина жицата и  сега тој е изгубен во времето и го бара семето одејќи по жица

Заев изјавуваше и дека ќе си замине од политиката ако загуби на избори, но изгледа не му се станува од фотелја.

Изјавите константно ги менуваше и за добивање на датум за преговори со ЕУ. Беше убеден дека датум ќе добиеме, убедуваше дури и дека сме го добиле, а до ден денес лаже дека тоа е завршена работа. Како што знаете, Македонија не доби датум за преговори со ЕУ. Имаме, па немаме.

Што следно ќе се поколеба Заев, не знаеме. Граѓаните се во исчекување на неговиот следен демант во кој се демантира самиот себеси.

Коронавирус