четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 105
home Вести

Заев гледајќи ги во очи ги излажа граѓаните: Во 2016. кажа дека нема да има промена на Уставот, но не остана доследен на зборот (ВИДЕО)

Заев гледајќи ги во очи ги излажа граѓаните: Во 2016. кажа дека нема да има промена на Уставот, но не остана доследен на зборот (ВИДЕО)

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев едно ветуваше пред да стане премиер, сосем друго прави откако е дојден на власт. Тој во 2016-та година во предизборната кампања за парламентарните избори ветуваше дека нема да дојде од промена на Уставот, а ситуацијата е сега сосем спротивна.

-Што се однесува до Уставот. Гарантирам, одличен Устав имаме, европски Устав, Уставот нема да дозволам никој да го смени, Уставот ќе се почитува, Уставот ќе се спроведува. Нема менување на Уставот. Бидете спокојни, не дозволувајте режимот повеќе да ве лаже, велеше Заев пред парламентарните избори во 2016-та година.

Ситуацијата сега е многу поразлична од она што Заев го ветуваше пред граѓаните пред 2 години, премиерот Заев со тоа што прифати име за севкупна употреба, прифати и промена на Уставот на државата, а во изјавата кога го презентираше предлогот Република Илинденска Македонија самиот најави УСТАВНИ АМАНДМАНИ.

-Ќе прифатиме севкупна употреба на името Република Илинденска Македонија. Спроведувањето на употребата на новото име за внатрешна употреба би се реализирало во фази, етапно онака како што ќе напредуваме низ преговорите за членство во Евроската унија, а ќе се обезбеди преку референдум и преку УСТАВНИ АМАНДМАНИ, изјави Заев после лидерската средба оваа година, каде кажа дека го прифатиле предлогот Република Илинденска Македонија.

Смената на Уставот значи промена на идентитетот на македонскиот народ, согласна е експертската јавност по се поизвесната капитулација на Македонија пред грчките барања, за што одговорност има Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.

Дека менувањето на Уставот ќе значи обезличување на Македонците смета дури и првиот човек на МАНУ, Таки Фити. Тој неодамна јасно го изрази ставот на академијата да не се прифаќа во преговорите да се отвора прашањето за идентитетот, како ниту име за севкупна употреба, што според грчката страна сега значи дека евентуалното ново договорено име треба да биде и за внатрешна употреба.

–Ерга омнес, односно име за севкупна употреба, никако не смее да се прифати, бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата влада ќе мора да се избори решението да не биде за севкупна употреба, ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менување на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација – кажа претседателот на МАНУ, Таки Фити на едно медиумско гостување.

Притоа додаде дека доколку се прифати име за севкупна употреба тогаш ниту МАНУ нема да се вика Македонска академија на науките и уметностите, туку ќе треба да се прекрсти во „Академија на науките и уметностите на Република Горна Македонија“, на пример. Од тоа произлегува дека освен МАНУ, ќе треба да бидат преименувани и други национални институции, како Народната банка на Република Македонија, АРМ, Друштвото на писатели на Македонија, Фудбалската федерација на Македонија… Тоа, според претседателот на МАНУ, е апсурдно!

Коронавирус