недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 23
home Вести

Заев ги убедува граѓаните дека земјата е стабилна и правдата цути, извештаите говорат спротивно на тоа – порачува Мицкоски

Заев ги убедува граѓаните дека земјата е стабилна и правдата цути, извештаите говорат спротивно на тоа – порачува Мицкоски

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Само интервју” на Канал 5 Телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во земјата, економската и здравствената криза, пописот кој се планира да се спроведе во земјата и долго очекуваните вакцини.

-Во однос на извештајот кој се појави по прашање на транспарентност, се испостави дека Република Македонија се соочува со сериозен проблем и чекори во длабока кал, а не е блескава како што ја прикажува Заев, вели Мицкоски.

-Додека Владата предводена од Зоран Заев ги уверува граѓаните дека земјата е стабилна и дека правдата цути, извештаите кои што ги добиваме говорат спротивно на тоа, односно дека Република Македонија е под 111-то место и се натпреварува со Лесото, Џибути, Сао Томе и слични земји, кои се поразителен факт за нас како земја. Тоа е нешто кое што не ги тангира само нив како Влада, туку секој еден граѓанин на државата, додаде Мицкоски.

“Зоран Заев пробува да изманипулира и да им прикаже на граѓаните дека всушност таа анкета не се однесува на неговата Влада, а на самата анкета пишува дека се однесува на изминатите две години. Повторно сами се фаќаат во лага. Токму затоа овие луѓе треба што побрзо да си заминат и да ги тргнат рацете од државата, а не да се дозволи уште поголемо тонење”, истакна Мицкоски.

-Земјата се соочува со внатрешни непријатели, односно луѓе кои врз нејзин грб само се стекнуваат со материјални придобивки, додека истовремено истата таа земја ја туркаат во калта и ја ставаат на ранг листа со неразвиени земји од Афричкиот континент. Тоа е страшен и голем пораз за целата нација, заврши Мицкоски.

ЕУРО 2020

Македонија