понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 180
home Вести

Заев ги стави под нозе медиумите

Заев ги стави под нозе медиумите

Крај на слободата на новинарите и независните медиуми во хибридниот режим на Заев. Последниот извештај на Репортери без граници за сите земји во светот стои дека во Македонија се соочува со критики за заканите и нападите кон новинарите и медиумите.

Ситуацијата со медиумите се влоши, високи владини претставници продолжија да им се закануваат и да навредуваат медиуми, а сајбер вознемирувањето и вербалните напади кон новинарите се зголемија на социјалните медиуми. Сето ова послужи да се засили добро вкоренетата култура на неказнивост.

Репортери без граници го објави најновиот извештај за слободата на медиумите. Во извештајот е наведено и дека во земјата продолжува културата на неказнивост а зголемен е и бројот на вербалните напади кон новинарите на социјалните медиуми.

„Ситуацијата со медиумите се влоши, високи владини претставници продолжија да им се закануваат и да навредуваат медиуми, а сајбер вознемирувањето и вербалните напади кон новинарите се зголемија на социјалните медиуми.“ – се наведува во извештајот на Репортери без граници за состојбата со слободата на медиумите во Македонија во 2020 година.

Од организацијата велат дека влошувањето на ситуацијата се должи како поради пандемијата така и поради парламентарните избори.

„Медиумските организации силно се противеа на разните предложени амандмани за законот за аудиовизуелни медиуми кои би овозможиле државно рекламирање во медиумите. Тие се противат на ова врз основа на фактот што тоа ќе охрабри клиентелизам.“ – пишува во дел од извештајот посветен за Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во Македонија владее медиумски мрак и дека токму тоа го покажува извештајот на Репортери без граници. Според партијата, власта ја злоупотребува пандемијата и на многу медиуми и новинари им ги ограничува можностите да поставуваат прашања.

„Сите оние кои се чувствуваат заплашени ги охрабрувам да преминат на страната на граѓаните и да известуваат за криминалот, бидејќи само заедно можеме да го победиме овој медиумски мрак. Верувајте, дека во првиот момент кога ќе се смени власта ќе прекине, бидејќи никој не смее да ги злоупотребува државните ресурси и парите на граѓаните за да ја угуши медиумската слобода во Република Македонија.“ – изјави Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус