петок, 14. јануари 2022. Вести денес: 41
home Вести

Заев ги собра коалиционите партнери да им ги објасни приоритети по приклучувањето на Алтернатива во Владата

Заев ги собра коалиционите партнери да им ги објасни приоритети по приклучувањето на Алтернатива во Владата

Претставниците на помалите политички партии од владината коалиција очекуваат на вечерашната средба со премиерот Зоран Заев да чујат кои се владините приоритети по приклучувањето на Алтернатива во Владата.

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов пред почетокот на средбата изјави дека треба да се видат програмските определби на Владата. Нагласи дека се прават пошироки консултации по што ќе се донесе некаков координиран заеднички став, но според неговите очекувања тој процес ќе трае уште најмалку месец дена.

-Демократскиот сојуз нема намера да уценува и да притиска. Сега Владата на СДСМ ќе биде малку покомотна, ќе има 64 пратеници во мнозинството, така што некои од коалициските партнери кои не се задоволни можат слободно да ја напуштат коалицијата, рече Трајанов, посочувајќи дека очекува да види во кои правци ќе се движи новата влада, како ќе се одвиваат разговорите со Бугарија, како и дали ќе се даде фокус на стратешките прашања.

За ДОМ, пак, како што изјави претседателката на оваа партија Маја Морачанин, важно е да се види кои ќе се програмските приоритети на новата Влада.

Претседателот на НСДП, Тито Петковски рече дека засега нема аргументи ниту „за“ ниту „против“, и додаде дека ќе даде изјава откако ќе слушне од премиерот за постигнатиот договор со Алтернатива.  (МИА)

Коронавирус