вторник, 20. август 2019. Вести денес: 114
home Вести

Заев ги промени зборовите: „Педер и суетен новинар“ станаа „манипулатори и измамници“

Заев ги промени зборовите: „Педер и суетен новинар“ станаа „манипулатори и измамници“

Зборовите „суетен новинар и педер“ од синоќешната изјава на премиерот Заев денеска преминаа во „манипулатори и измамници“ во интервјуто дадено за МИА.

– „Жалам ако од некого сум бил погрешно разбран или протолкуван, но останувам на моите определби и на вредностите за кои отсекогаш сум се борел. Нема да дозволиме на непријателите на нашата земја да им успее планот преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјата, членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ“, рече Заев денеска во интервјуто.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ изреагираа дека смешно и безобразно е Заев да зборува за криминал кога е синоним за истото.