петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 24
home Вести

Заев ги излажа: Откуп нема, земјоделците понижени (ВИДЕО)

Заев ги излажа: Откуп нема, земјоделците понижени (ВИДЕО)

Цел свет има недостаток на храна, а нашиот земјоделец е најсиромашен на свет. До кога? Зошто? Ние не бараме од политичарите да копаат по нивите, да берат, да кројат и да продаваат, бараме од нив да отворат пазар и да обезбедат пласман на земјоделското производство. Да донесеме колку може повеќе откупувачи овде, да се тепаат, да се натпреваруваат кој ќе плати повеќе, тој да го добие земјоделското производство. Ова го велеше премиерот Зоран Заев на предизборен митинг на 2. декевмри 2016 година.

Но, денешната слика не е таква. Наместо живот, Заев на земјоделците им сервираше големи маки.

Во предизборието, додека да дојде до нивните гласови, Заев на земјоделците им ветуваше се и сешто. Денес, кога тој е премиер на Република Македонија, земјоделците едвај преживуваат и минуваат низ тешка голгота.

-Никогаш не било како оваа година. Секогаш имало откуп, имало проблеми со цените, но за пласман на производството никоја година до ден денешен немало проблем. Јас сум 30 години во оваа бранша. Пред 10-15 години и јас купував и извезував сливи, но во тоа време имаше натпревар меѓу цените. Оваа година што е трагедија, воопшто нема откуп, никој не прашува за цена, велат земјоделците.

Коронавирус