среда, 24. јули 2019. Вести денес: 35
home Вести

Заев ги избрал новите министри, утре ќе ги предложи во парламентот

Заев ги избрал новите министри, утре ќе ги предложи во парламентот

Премиерот Зоран Заев утре ќе го достави предлогот за реконструкција на Владата, кој треба да биде усвоен на собраниска седница во наредната седмица. Од СДСМ и од Владата велат дека Заев во строга тајност ги држи одлуките во однос на кадровските решенија дури и од свои блиски соработници.

Но, според упатените, покрај извесните промени во земјоделство, култура, екологија, се очекува промена во транспорт и врски, како и во уште еден ресор.

-Одлуките се донесени и во недела попладне ќе ги доставам до Собранието материјалите за сите промени што ќе се случат во Владата – изјави вчера Заев, најавувајќи дека паралелно се работи и на вториот бран промени со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.