петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Заев: Ги чекам резултатите, немам симптоми

Заев: Ги чекам резултатите, немам симптоми

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се огласи преку социјалните медиуми по инфорациите дека се наоѓа во задолжителна самоизолација откако имал контакт со новинар кај кого е потврдено присуство на Ковид-19.

-Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на КОВИД-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори, пишува Заев на Фејсбук.

Најнови вести

Коронавирус