сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Заев: Газдите не се криви за „плата на рака“ вината е кај работниците

Заев: Газдите не се криви за „плата на рака“ вината е кај работниците

Според премиерот Зоран Заев сопствениците на компаниите не се виновни за зимањето на дел од платата во плик.

Како што изјави вечерва премиерот од студиото на МРТ, газдите ги покривале сите трошоци кон државата, а со вишокот на пари можеле да прават што сакаат па дури и да ги запалат.

Тој не гледа никаков проблем доколку сопствениците на компаниите решат дел од тие пари да го дадат на работниците во плик, а за функционирањето на оваа пракса, според премиерот, виновни биле работниците.