вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 21
home Вести

Заев, Филипче и Дончев и на заминување си поигруваат со здравствените работници- наместо ветеното покачување, тие предизборно им нудат трошки

Заев, Филипче и Дончев и на заминување си поигруваат со здравствените работници- наместо ветеното покачување, тие предизборно им нудат трошки

Премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев и на заминување си поигруваат со здравствените работници. Наместо ветеното покачување на капитацијата на матичните лекари, тие предизборно им нудат трошки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта вети и излажа покачување на капитацијата од 55 на 90 денари за матичните доктори, додека за матичните стоматолози од 40 на 70 денари. Наместо ветеното покачување сега ги залажува лекарите со само 8 денари повеќе. Со политиката на лажење Заев, Филипче и Дончев го бркаат медицинскиот персонал од Македонија. Заев, Филипче и Дончев ќе останат запаметени само по корупција и криминал. А по ниту еден проект во здравството, стои во реакцијата и се додава:

„Се што фатија Заев, Филипче и Дончев уништија. Пропадна тендерот за биохемиски лаборатории, стерилизацијата на инструменти и опрема што се користат во хируршките сали ќе биде менаџирана од компанија за која се води судски спор во Албанија и во Италија, сведоци сме на фиктивно јавно – приватно партнерство за детска кардиохирургија. Дисфункционалноста на здравствениот систем и неизвесноста која ја имаат пациентите, креира нервоза заради која медицинскиот персонал секојдневно под вербални и физички закани, листите за чекање на оперативен зафат или други медицински интервенции, не се јавни и не може да се следат, нема ништо од новиот клинички центар“.

Лага е, подвлекуваат, дека за специјалистите ќе имаат плата од 100 илјади денари.

-Оваа Влада е на единствен пат, а тоа е да го стави јавното здравство на колена. Токму затоа повеќе од сигурно е дека граѓаните во април 2020 година ќе стават крај на ваквото владеење на Заев, и неговите министри и функционери.

Коронавирус