петок, 19. април 2019. Вести денес: 155
home Вести

Заев фатен во монти пајтон позиција- на прашање што изгради за Албанците не можеше освен со двојазичност да се пофали со ниту еден проект

Заев фатен во монти пајтон позиција- на прашање што изгради за Албанците не можеше освен со двојазичност да се пофали со ниту еден проект

На новинарското прашање што Зоран Заев и оваа Влада има направено за Албанската заедница во Македонија Зоран заев речиси не се пофали со ниту еден проект.

-За албанската заедница прво сум направил рамномерен развој во државата, распределбата на сите капитални инвестиции е рамномерно се распределува на сите. Сум се борел за едно право кое било ускратено , вели Заев.

Тој на конкретно прашање кои проекти ги има направено за Албанците вели дека направил автопатишта, по што водителот му негираше, а потоа Заев збунето рече дека изградиле регионални патишта за нив, но по демантирање на новинарот Заев рече дека иако нема се уште патишта ќе се започнат да се градат во иднина.

-Сум го дал употребата на мајчиниот јазик кое е уставно право, рече Заев.

Делот каде збунето одговара Заев можете да го погледнете од 53-тата минута.