сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 92
home Вести

Заев: Економските резултати ги имаме на маса

Заев: Економските резултати ги имаме на маса

За да ги задржиме младите овде, да обезбедиме добар животен стандард, мора да престанеме да калкулираме со кариерите и да одработиме за граѓаните, за државата, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешниот тв дуел со Христијан Мицкоски.

-Имаме рекорден износ на странски инвестции, двојно повеќе од најдобрата година што ја имала Северна Македонија. Стапката на невработеност е под 20 отсто и изнедува 19,4, растат платите. Бруто домашниот производ расте, од минус 1,8, сега е 3,7 отсто, а во првиот квартал од 2019 година очекуваме и повисок раст од 3,7 отсто. Тоа е доказ за исправните политики, лекции имате каде сакате, рече Заев.

Мицкоски нека каже дали без ЕУ и НАТО очекува странски инвестции? Економските резултати ги имаме на маса, растат платите, растат и странските инвестции. Со членството во НАТО и ЕУ ќе се зголемат тие параметри, во интерес на граѓаните,  порача Заев.

Коронавирус