Поранешниот лидер на „Достоинство“, генералот Стојанче Ангелов во интервју во емисијата „Низ призма“ побара од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски да покренат референдумска иницијатива за Законот за јазици и да ја достават до Собранието на Република Македонија.
Тој со оваа изјава покажа тотална неупатеност во законите на Република Македонија.
Ангелов заборави дека во далечната 2005 година сменет е Законот за референдум. Тој или има тотална амнезија или одработува нечија политичка агенда повикувајќи партија и личност да покренат референдум за двојазичноста, а во реалноста во Законот за референдум вметнато е и ограничување референдум да не може да биде распишан за закони кои се гласани со Бадентеровото мнозинство.
Во членот 28 од Законот за референдум на државно ниво не може да се распише за прашања што се однесуваат на одбраната, воената и вонредната состојба, амнестијата и на буџетот. На државно и на локално ниво референдум не може да се распише за прашања за кои Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници и со мнозинство гласови од присутните пратеници што им припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Македонија.